Владата ја објави листата на заменици-министри која ќе ја предложи до Собранието. Поранешниот новинар Зоран Димитровски-Жоро, инаку кадар на Демократски Сојуз, е заменик-министер за локална самоуправа кај Горан Милевски, додека Зоран Маневски, поранешен државен секретар од Министерството за транспорт и врски оди кај Крешник Бектеши во Министерството за економија. Димитар Ковачевски поранешниот директор на Телеком и Оне Вип е назначен за заменик-министер за финансии во ресорот кој сега го предводи Фатмир Бисими. Илир Хасани, директорот на Хируршки клиники, ќе му биде помошник на Венко Филипче во Министерството за здравство.
Во продолжение целосната листа на предложените заменици-министри:
– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;
– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;
– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;
– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;
– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;
– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;
– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;
– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;
– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;
– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;
– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;
– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;
– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;
– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.