Новинарот Боби Христов од Телма преку својот Фејсбук вели дека по цели четири години дознал кој е човекот што практично го спасил од насилниците на 27 април пред четири години, кога се случи насилниот упад во Собранието. Тој денеска му изрази благодарност на Бојан Василевски, кој од крајот на минатата година е избран за заменик генерален секретар на Собранието.
„По цели четири години дознав кој беше човекот што со Sonja Nikolovska на 27 Април не сокри во една од собраниските канцеларии.
Bojan Vasilevski вечна благодарност .
Камуфлираниот со црвена марама (како тие што упаднаа) и кој ме оттргна од налетот на насилниците гневни што сум “гадот од Телма” уште не знам кој е.
Другите двајца на кои им должам живот се колегата Љупчо Николовски и Dejan Acevski
Никогаш да не се повтори“, пишува Боби Христов на својот Фејсбук профил.