Новинарката и уредничка од Алфа ТВ, Кети Гетева од вчера е ангажирана во Министерството за здравство, како одговорна на Секторот за односи со јавноста. За нејзиниот ангажман, стигна потврда и од самото Министерство.
Министерството, како што посочуваат, нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат министерот Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството.
Освен Гетева и други новинари од телевизиите се на портпаролски места во министерствата.
Александар Видиновски од Канал 5 ТВ премина во Министерството за правда, на работно место портпарол и посебен советник за односи со јавноста на министерот Бојан Маричиќ.
Во Министерството за внатрешни работи (МВР), пак, се вработи Гоце Андреевски, кој на јавноста ѝ е познат како водител и новинар од Телма ТВ.