Можеби најубавата актерка на светот Шарлиз Терон направи нова трансформација на својот изглед. Откако на овогодишното доделување „оскари“ се појавила со неочекувано кратка боб-фризура со темнокафена боја, а сега одлучила уште еднаш да ја промени фризурата.
На премиерата на филмот „ Long Shot “ во Њујорк, Шарлиз се појавила во елегантно црно одело на „Диор“, а сега вниманието било насочено на нејзината нова фризура со шишки.
Како што таа изјавила, инспирација за новата фризура и била поранешната манекенка Линда Еванѓелиста.