Поп-пејачата Дани Димитровска го искажа својот револт на социјалните мрежи, по повод неможноста на државата да им помогне на музичарите во екот на пандемијата со коронавирусот. Таа напиша дека и музиката како и секоја друга работа е професија и култура, но дека се наоѓа на маргините во општеството
“Ни велат дека музичарите не биле во системот. Тоа значи невалидни сме. Непостоечки. Штом не сме во системот значи немаме работнички права. А на секој музички работник и тоа како му е во прилог да биде легитимен и пред себе и пред систем. Од осамостојување до ден денешен, правата и одговорностите на работникот со професија сценско-музичка дејност, не се решени. Музиката е професија. А на маргините е. А култура е“, напиша Дани на Фејсбук.