Американскиот научник, писател и геолог Грег Брајден тврди:
“Откако ќе заврши епидемијата, со сите нејзини последици што ќе ги остави на човечкото здравје и на економијата, малку по малку ќе се навикнеме на новата состојба, која ќе ја сметаме за нормална.
Научникот Грег Брајден претпоставува дека нашиот живот ќе изгледа поинаку и ќе бара одредени јасни промени – во општеството, на работа и во начинот на живот на секој од нас.
“На крајот на краиштата, начинот на кој функционираше светот досега е целосно неодржлив“, потенцира Брајан.
По короната, ќе живееме повеќе локално. Сето она што досега сме го набавувале од светот, ќе го набавуваме од некое поблиско, локално подрачје, без разлика дали се работи за храна, лекови или извори на енергија.
Но благодарение на тоа, повеќе ќе ја цениме својата заедница и обичниот човек.
Тоа ќе биде предизвик, но предизвик за кој вреди да се живее. Во одредена смисла, ќе се роди некој нов човек.
Останува да се види како ќе нè смени искуството од коронавирус.