Хрватската пејачка Нина Бадриќ по повод роденденот на својата пријателка, сопругата на рускиот милијардер Андреј Мељниченко, Сандра, на Карибите пееше со познатата група “Kool & The Gang“.
“Браво Нина“ се слушнале повици од публиката додека Нина пеела.
Инаку, пријателство меѓу Нина и Сандра започнало пред 10 години во Дубровник, кога некогашната пејачка сакала да се запознае со хрватската музичарка. Потоа, Нина пееше на свадбата на братот на Андреј, а пред две години таа беше на одмор на нивната луксузна јахта, кога се пофали со фотки на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BwnBN3Cj0sz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet