Нина Бадриќ во одлично расположение го помина Божиќ.
51-годишната пејачка објави фотографии на кои зрачи со позитивна енергија, облечена во кратко жолто фустанче и бели чорапи од Гучи. Хрватската ѕвезда позираше покрај елката во својот дом и изгледаше фантастично.
„Среќа, радост, снага, заедништво, спокој, мир, веселби, љубов…. Среќен Божиќ“ – напиша Бадриќ во описот на фотографиите.