Ѕвездата на популарната серија „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија е позната по својата убавина што плени каде и да се појави. Со своите 48 години таа сè уште важи за една од најубавите актерки во светот. Навикнати сме да ја гледаме во беспрекорни и свечени тоалети, како во популарната серија, така и во нејзиниот приватен живот, но и на црвениот тепих. Оваа актерка честопати на Инстаграм објавува видеа од нејзиниот секојдневен живот, а во неодамна споделеното видео таа покажа како изгледа без трошка шминка.
Вештото око на папараците годинава неколку пати ја улови без шминка додека шеташе низ градот. Меѓутоа, овој пат латино ѕвездата реши сама да покаже како изгледа без шминка и филтри, а за тоа доби низа пофалби од своите обожаватели.
Актерката која, инаку, не им робува на стереотипите, го покажа своето вистинско лице. На снимката, таа нема шминка и совршена фризура, но и покрај нејзините подочници, ситни брчки околу очите, пегите на носот и образите, очигледна е нејзината природна убавина.
– Здраво на сите, јас сум Ева Лонгорија, можеби некои од вас не ме препознаваат во моментов без вештачките трепки и огромната количина шминка што ја имам речиси секојдневно, но и тоа е во ред. Сакав пред вас да споделам дел од мојата дневна „рутина“ за шминкање. Сфаќам дека за многумина од вас ова ќе биде премногу, но на крајот на краиштата, јас сум Латиноамериканка, а ние секојдневно многу се шминкаме – го започнува своето излагање шармантната актерка на својот профил на Инстаграм, а целото видео е достапно на Јутјуб.
На Инстаграм Ева Лонгорија ја следат околу 10 милиони корисници, ова видео им се допаднало на над 88.000 корисници на мрежата, а коментарите само се нижеа.
-Кралице, убаво изгледаш со или без шминка!
– Уникатна жена, плус има убава кожа.
– И понатаму сметам дека таа е кралица на убавината.
– Пегите само ја комплетираа нејзината убавина.
– Жена која го одзема здивот.
– Шармантна како и секогаш, ја сакам!
– Опседната сум со нејзините пеги и природното руменило!
– Посакувам да изгледам вака без шминка.
– Најубавата природна жена во Холивуд.
– Секако дека лесно ќе те препознаам, запомни што ти кажав кога те запознав: „Без илузии!“