Хороскопски знаци кои се најдобри во душа

by Тони Зографски

Рак

Тој чувствува онолку емоции како за останатите 10 знаци во зодијакот. Но, луѓето лесно успеваат да го повредат, па Ракот се затвора во школка и често пати на прв поглед делува ладно, незаинтересирано и бесчувствително. Вистината е сосема спротивна.

Кога нападите се насочени кон неговите сакани и семејството, Ракот умее болно да штипне. Верен, интуитивен и романтичен, Ракот не успева да ги скрие солзите на тажен филм или песна, како и романтичен брачен предлог или свадбена веселба.

Но, тој е вистински другар. Секогаш тука, со подготвено рамо за плачење. Ќе направи да се чувствувате удобно и заштитено. За возврат сакаат почитување и добра гурманска храна.

Риби

Мистични, со две спротивставени страни, Рибите најдобро се опишуваат како лебдачи помеѓу реалноста и соништата. Особено се интересираат за менталниот живот, потсвеста, емоциите и интуицијата и се обидуваат да ги сфатат и да се поврзат со луѓето на спиритуално ниво.

Кај Рибите не постои простор за агресија. Пополека – подалеку, тоа е нивното мото. Нежни и емоционални, Рибите со сета душа сакаат да им помогнат на луѓето да постигнат внатрешен баланс, мир и хармонија.

Неретко се прелажуваат, бидејќи сметаат дека секој човек има чисто срце и некаква добрина во себе. Рибите се спокојни, мечтателни, скромни и многу емотивни.

За возврат на пријателството сакаат безгрижно танцување и долги прошетки покрај вода.

останати вести