Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ го напуштиле станот на Вождовац во кој живееле со мајка и на Николија, фолк пејачката легенда Весна Змијанац. Причината за ваквата одлука биле се почестите кавги меѓу зетот и бабата.
Наводно Весна и Реља веќе подолго време постојано се карале, па заради тоа младите сопружници со се ќеркичката Реа си нашле нов дом.
„Од моментот кога се породи Николија сите живееја во станот на Вождовац. Весна им помагаше околу бебето, но и имаше недоразбирања со нив“, раскажува извор близок до семејството и додава: „Немаа жолчни кавги, но постојано се чувствуваше тензија и Реља веќе не можеше да издржи.“
Како што пренесуваат медиумите на Весна не и се допаднала многу одлуката, но и самата била свесна дека така е најдобро.