Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по средбата со заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, во Утрински Брифинг изјави дека ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори, но мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме лажна надеж.
-Регионот е прилично разнишан. Ескобар вели дека кај нас се прекршува инструментот на проширувањето.Мислам дека мораме да учиме од искуството, дека ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори. Мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме лажна надеж. Ескобар вели дека сега влогот станува преголем. Ако нема преговори за интеграција, пораката е џабе решавате проблеми и тоа е многу сериозно за регионот, – објаснува Димитров.