Иако е една од најголемите ѕвезди на овие простори Лепа Брена никогаш јавно не го експонирало своето семејство. Таа често зборувала за своето детство во Брчко, дека татко Абид и мајка и Ифета работеле како медицински техничар и кројачка и дека таа е најмалата од трите деца, братот Фарук и сестрата Факета.
Сестра и која досега никогаш не ја покажала со сопругот Зоран има две ќерки и живеат во Канада. И таа како и Брена била надарена за пеење.
– Факета почна да пее пред мене, па истото го направи и братот Фарук. Јас последна почнав да пеам под притисок на професорката по музичко. Бев хиперактивно дета, па родителите ме дадоа на спорт, но сепак, најмногу уживав пеејќи во хор. Израснав слушајки песни од фестивалите како Опатискиот фестивал, Илиџа, Белградско пролеќе… – изјавила Брена за “Стори“.