Мега затворот во Ел Салвадор е местото каде што би сакале да заврши личност која извршила големо зло.
Салвадорскиот претседател Наџиб Букеле објави дека првите 2.000 затвореници биле префрлени „во зори, во една операција“ во Центарот за борба против тероризмот, кој според него е најголемиот затвор во Централна Америка.
– Ова ќе биде нивната нова куќа, во која ќе живеат со децении, сите измешани, не можејќи да нанесат дополнителна штета на населението – напиша Букеле на Твитер, додека министерот за безбедност на оваа централноамериканска земја ги предупреди затворениците дека „никогаш нема да излезат од тука“.
Непријатно изненадување за повеќето од нив е тоа што во ќелиите нема ни кревети, ни душеци, ни удобност, никаков комфор.
Овој затвор има 32 ќелии кои се дизајнирани да примат „повеќе од 100“ затвореници. Условите таму се толку лоши што групите за човекови права апелираа до властите дека ова е кршење на затворските стандарди.
„Никогаш нема да излезете живи одовде. Ќе платите за се што сте направиле. Она што го гледате е елиминација на ракот од општеството“, напиша на Твитер министерот за правда и безбедност Густаво Вилаторо, а пренесува „Daily Mail“.
Фотографиите и видеата од овој затвор се страшни. Вистински кошмар за секој криминалец. На нив може да се забележат затвореници како седат, буквално еден на друг во скут, со рацете врзани зад грб, додека се облечени само во боксерки.
Откако Букеле прогласи вонредна состојба пред неколку месеци, околу 63.000 членови на бандата беа уапсени без налог. Сите што се плеткаа со криминал се зад решетки.