По повод неработењето, вчера, на Прочка, на својот профил на Фејсбук се огласи и Џон Илија Апелгрен:
“На 14.03.2020 беше мојот последен настап од „нормалното“ време. Не можев ниту да претпоставам дека некој во комисијата за заразни болести од дното на душата мрази музичари. Епилогот го знаеме, за една цела година не успеавте да увидите дека музичарите се помалку опасни за здравјето, отколку на пример полните автобуси или најавените попишувачи кои пред да ве посетат ќе влезат во неброен број станови со потенцијални заразни лица. Иако е прочка, НИКОГАШ нема да ви простам што ме оставивте без работа!
Сите оние кои мислат дека „само уште музика ни фали“, „до пеење ли ви е дојдено кога умираат луѓе“, „не е време сега за музика“, а земаат редовна или нередовна плата и нивните работни места функционираат, нека се самоизбришат од мојата листа на виртуелни пријатели и нека продолжат да го слават успешното менаџирање на здравственава криза на скандал владава.