“НИЕ СЕ БОРИМЕ СО РАКОТ, А ВАМ ВИ Е ТЕШКО ДА СЕДИТЕ ДОМА“: Глумицата бесна на оние кои ја прекршија изолацијата (ФОТО)

by Тони Зографски

Глумицата Шенон Доерти, која ја паметиме по улогите во „Беверли хилс“ и „Волшебнички“ со години се бори со ракот на градата. Таа  вели дека многу ја плаши оваа ситуација со пандемијата на коронавирусот.

“Седам дома и се лутам на сите вас, за мене и луѓето кои се борат со ракот. За мајка ми, за семејството, за пријателите. Да се бориш со рак е тешко. Имам пријателка која и сега е во болница“, напиша Доерти на Инстаграм.

А има и луѓе што патуваат, уживаат. Колку е тешко да се остане дома? Не се придржуваат на правилата, не држат растојание и си излегуваат од дома. И јас сакам свеж воздух, но во својот двор. Зошто? Затоа што го сакам овој свет и своето постоење. Јас правам колку можам. Зошто не и другите?“, се прашува Шенон.

Инаку, глумицата пред извесно време објави дека ракот ѝ се вратил и дека е во четврти стадиум.

https://www.instagram.com/p/B-A35s4hCqF/

останати вести