Најголемиот сајт за возрасни Pornhub цел е на тужби од Американци со оштетен слух кои тврдат дека сајтот го крши законот, бидејќи нема превод на филмовите.
Јарослав Сурис го тужи сајтот и во тужбата има наведено дека лицата со оштетен слух се дискриминирани, бидејќи не можат во целост да го доживеат филмот.
-Гледавме филмови како што се “Врела тетка го чува немирниот внук“ и “Згодна полицајка го натера сведокот да проговори“ и бидејќи немаше превод не ја разбрав содржината на филмот – се наведува во тужбата.
Сурис бара оштета и да се промени праксата во работата на сајтот.
– На Сурис кој не тужи сакаме да му напоменеме дека на нашиот сајт има цела категорија која се вика “титловани филмови“ – соопштиле од Pornhub.