Кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија во ноември 1986 година. Во оваа прилика таа им напиша писмо на граѓаните на Сиднеј, а писмото беше тајно запечатено во трезор во зградата на кралицата Викторија.
Писмото не смее да се отвори уште 63 години.
Според тоа, писмото се наоѓа во трезор речиси 36 години, а наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Истиот е адресиран до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот што ги содржи упатствата за отворање и читање на писмото.
„Поздрав. Во соодветен ден по ваш избор, во годината Господова 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да ја пренесете мојата порака до граѓаните на Сиднеј“, стои во пликот на писмото.
Како што споменавме, писмото се чува во зградата на кралицата Викторија, бабата на Елизабета, која била изградена по повод нејзиниот дијамантски јубилеј (60 години од владеењето) во 1898 година.
Патем, кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија 16 пати, прв пат во 1954 година.
Во 1999 година, Австралијците гласаа на референдум за тоа дали сакаат да станат република, но 54 отсто од гласачите одлучија да останат уставна монархија.