Илјадници луѓе во завојуваниот регион на западен Мјанмар не знаат ништо за коронавирусот, бидејќи немаат пристап до Интернет цела година.
Според Си-Ен-Ен, во јули минатата година, владата на Мјанмар го изгасила Интернетот во девет градови, поради загриженост дека се користел за разгорување на конфликтите меѓу армијата и бунтовниците.
Во еден од тие градови интернетот бил повторно вратен во мај оваа година, но осум други градови, со вкупна популација од околу 800.000 луѓе, и натаму се без интернет, а со тоа и без информации.
Организациите “Human Rights Watch” и “Amnesty International” велат дека долготрајната забрана за пристап на интернет го доведува во ризик животот на луѓето, не само затоа што ги спречува да пријават евентуално кршење на човековите права, туку и затоа што го оддалечува од важните глобални случувања поради пандемијата на коронавирусот.
“Насред вооружените судири меѓу мјанмарската војска и војската Аракан во државата Ракинe насред пандемијата, важно е цивилите да ги добијат потребните информации за коронавирусот за да останат безбедни”, изјавила за CNN Линда Лакдир, правна советничка на организацијата “Human Rights Watch”.
Мјанмар досега забележал шест смртни случаи и 292 позитивни случаи на коронавирус, додека повеќе од 64.500 луѓе се тестирани, велат податоците на тамошното Министерство за здравство.
Неколку случаи имало во градовите Маугдау и Бутидаунг во Ракине, каде повеќе од 100.000 муслимани Рохинџа живеат во преполни логори. Многумина побегнале од “операцијата за чистење” која војската ја започнала против нив во 2018-та.
Патем, владата во Мјанмар ја предводи Аунг Сан Су Ки, која ја освои Нобеловата награда за човекови права, а сега таа игнорираше цел дел од земјата, им го забрани пристапот до интернетот и луѓето сега умираат од корона вирусот.