Холивудската глумица Анџелина Џоли вчера пристигна во Лавов.
На првото видео објавено вчер на Фејсбук можеше да се види актерката како се смешка и им мавта на обожавателите додека нарачува кафе. Објавени се нејзините слики од железничката станица, каде разговарала со бегалци, посетила интернат и болница.
Локалниот градоначалник Максим Козицки рече дека ветила дека повторно ќе дојде.
Џоли ги посети повредените деца евакуирани од Доњецката област и сирачињата. Таа се сретна и со волонтери кои обезбедуваат медицинска и психолошка помош на Украинците кои се евакуирани од загрозените градови.
Џоли со години беше специјален пратеник на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, но дојде во Лавов без посредство на ОН. Портпаролот на УНХЦР изјави дека ОН не биле вклучени во нејзината посета на Украина и дека таа отишла таму сама.
Тревога во Лавов
Анџелина Џоли мораше итно да биде однесена во засолниште за бомби додека се вклучија сирените за воздушни напади во Лавов.
Angelina Jolie had to be rushed to a bomb shelter as air-raid sirens went off in Lviv. pic.twitter.com/dOnLcQsp6d
— Christo Grozev (@christogrozev) April 30, 2022
Додека Џоли престојувала во Лавов, се огласиле сирените и актерката морала да замине во прифатилиштето. Објавена е снимка од нејзиното одење во засолниште, на кое некој ја прашува Анџелина дали се плаши. Таа рече – Не.
Лавов, во западна Украина, беше нападнат од руската војска во последните неколку недели, а најмалку седум лица беа убиени во ракетен напад врз градот на почетокот на април.