Една од највпечатливите фотографии од Африка е онаа на која хуманитарка која му дава вода на гладно мало момче кое едвај стои на нозе.
Ања Рингрен Ловен од Данска спаси момче обвинето за вештерство, кое родителите го оставиле да умре од глад и жед на улица. Детето по име Хоуп преживеало јадејќи отпадоци кои ги наоѓал на улица и било во ужасна состојба.
Ања му дала храна и вода, го завиткала во ќебе и го однела на лекување во болница. Два дена откако ги замоли луѓето преку Интернет да помогнат за лекување на Хоуп, таа доби 2 милиони долари донации од целиот свет.
„По спасувањето на Хоуп во 2016 година бев интервјуирана од медиумите ширум светот и оттогаш приказната за неговиот напредок е објавена во многу написи. Децата сè уште се стигматизирани, мачени и убивани. Законите што треба да ги заштитат децата не се спроведени, а бројот на деца обвинети дека се вештерки расте бидејќи тоа стана профитабилен бизнис“.
„Затоа ве молиме продолжете да ја споделувате, не само приказната за Хоуп, туку и сите ужасни приказни на нашите деца и да ја поддржите Land of Hope за да го направите нашиот глас посилен и помоќен“.
„Токму во овој момент дете е запалено живо. Околу децата ставаат автомобилски гуми и ги палат. Мора да го запреме тоа. Мртвите не можат да викаат за правда“.
И покрај сета суровост и тешкотиите на нашиот свет, ние не сме само затвореници на судбината. Нашите постапки се важни и можат да ја свртат историјата во правец на правдата“, вели Ања