Николина Пишек често привлекува големо внимание со своите фотографии на Инстаграм, а добива и бројни комплименти за нејзиниот беспрекорен изглед, но сега со една објава ги шокираше сите.
Имено, популарната хрватска водителка се снимала додека се разубавува и ја витка косата рекламирајќи некој производ, но вниманието на сите наместо на фризурата било насочено кон нешто друго – неизбричените пазуви.
Поради ова нејзините следбеници се прашуваат дали убавата Николина едноставно немала време да се погрижи за пазувите или и таа тргнала по стапките на познатите кои го започнаа трендот на небричење.
Инаку, многу познати личности рекоа „не“ на жилетот и депилацијата, на црвениот тепих се појавуваат со влакна по телото. Некои од ѕвездите кои се познати по тоа се Мајли Сајрус, Џулија Робертс, Мадона, Лурд Леон, Парис Џексон, Холзи и многу повеќе.