Американката Лори Александер, конзервативна мајка на четири деца и голем верник, во својот последен пост зборуваше за местата за капење како плажи, езера и базени, тврдејќи дека децата таму не се безбедни заради изложеност на голотија.
“Млади жени, ве молам, не носете танга бикини (или какво било бикини). Од задниот дел изгледате како голи. Рекламирате нешто што можеби не сакате да го дадете. Мажите се визуелни суштества, па дури и постарите мажи. Зарем уживате во тоа да чувствуваат страст за вас? Затоа што токму тоа го предизвикувате “, напиша Александер на Фејсбук.
Нејзиното објава предизвика голема дебата. Додека некои и честитаа за тоа како размислува, други сметаат дека таа претерува.
„Можеби Библијата треба да ги научи и мажите да не гледаат во нас, наместо жените да се кријат. Но, чекајте, зар не рече Исус дека мажот треба да го ископа окото пред да погледне во жена со страст?“ напишаа некои.