Борис Бекер доби две и пол-годишна завторска казна поради прекршување на правилата при објавување банкрот, односно беше приморан да почне да ја одлежува казната поради фактот што затскривал пари и имот кој го поседувал. Тој веќе шест месеци е во затворот Хантеркомб во близина на Лондон, а осуден е за затајување данок во Англија.
Адвокатот на легендарниот Германец, Оливер Мозер, вели дека поранешниот тренер на Ѓоковиќ се навикнал на условите во затворот.
Бекер ослабнал
„Нашиот клиент Борис Бекер и натаму се држи добро, доколку се земат предвид околностите во кои се наоѓа, тој се навикна на секојдневниот затворски живот“, изјавил адвокатот Оливер Мозер за германски „Билд“ којшто наведува дека Борис од доаѓањето во затвор ослабел осум килограми затоа што е посветен на тренингот, а исто така за тоа влијаело и што алкохолот не е дозволен во затворот.
Бекер во секој момент од денот има на располагање за телефонски повик.
„Повеќе за неговиот затворски живот не можам да откријам зошто работата е приватна“, додал адвокатот.
Бекер е сам во ќелија, но се дружи со останатите затвореници.
„Многу е популарен меѓу другите затвореници, веројатно зошто се согласил да ги тренира. Работи со нив 45 разни активности, јога, медитација…“, пишуваат германските медиуми.
Извор за германски „Билд“, близок до ситуацијата, открил дека Бекер може да очекува позитивни ефекти од својот ангажман со затворениците.
„Како спортист, победите и поразите му се многу блиски и се дел од неговата кариера и живот, а тој го споделува своето животно искуство со останатите затвореници. Тие се многу среќни што некој како Бекер им се посветува нив и разговара со нив. Верувам дека тоа ќе му донесе корист за можеби да му биде ублажена казната“, вели изворот.