Популарното британско телевизиско дуо Холи Вилоуби и Филип Скофилд останаа без зборови во утринската програма кога една пензионерка им призна дека има момче од 45 години и дека се мажи бидејќи животот е еден.
Гостинка на британската утринска програма на телевизијата ITV беше Ајрис Џонс, пензионерката, која неодамна го прослави 80-от роденден и изјави дека по секоја цена морала да се омажи за 45 години помладиот Мохамед Ибрихам, откако го запознала на Facebook. Ајрис детално опиша и како изгледала првата вечер кога се сретнала со човекот од нејзиниот живот.
-Првата вечер, беше жестоко. Сурово. Никој не ми приоѓаше 35 години. Мислев дека сум девица – рекла Ирис.
Пензионерката не застана на првата вечера, туку и го опиша денот по огненото запознавање со нејзиниот иден сопруг.
-Не можев да одам следниот ден, како да јавав коњ цел ден без седло – по што Холи и Филип почнаа да се смеат.
Ирис Џонс набрзо стана сензација на Интернет во Велика Британија откако призна дека лудо си поминува во пензија.
https://twitter.com/i/status/1222109186047332353