Сопругата на поранешниот директор на АЕК Роберто Орданоски, Агнеса за „Слободен печат” вели дека е вознемирена од објавата на својот сопруг, кој во честитката на роденденот на ќерка им, соопшти дека се разведуваат.
-Не можам да се смирам. Пијам дијазепами. Имаме две малолетни деца и не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук, изјави за „Слободен печат“ Агнеса Орданоска, видно вознемирена од постапките на таткото на нејзините деца зошто смета дека брачните проблеми не можат да се решаваат преку социјалните мрежи, туку со разговор меѓу брачните партнери.
-Се знае дека брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, зошто тие се во период кога растат, созреваат. Па оваа објава ја читаат и нивните другарчиња, па оправдано стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација -изјавила Агнеса.
Повеќе на линкот: Слободен печат