Серена Гомез новогодишните празници ги поминала во Мексико со пријателите, меѓу кои и Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц. Актерката и пејачка, која боледува од автоимуната болест лупус и биполарно растројство, самоуверено ги покажа своите облини во бикини.
Како што може да се забележи од папараци-фотографиите, 30-годишната ѕвезда навистина уживала во своето празнично патување.
Селена за крстарењето се одлучила за црно-бело бикини, модел со длабок струк кој одлично и прилега. Нејзините женствени облини ги привлекоа сите погледи, а Селена на Тикток отворено зборувала за тоа дека повеќе не се грижи за килограмите:
„Значи, се обидувам да останам слаба, но отидов до „Џек во кутија“ и добив 4 такоа, 3 кифлички со јајца, прстени од кромид и зачинет пилешки сендвич. Но, искрено, не ми е грижа за килограмите… совршена сум таква каква што сум“.
Гомез и Пелц се блиски пријателки, а доказ за тоа се нивните нови складни тетоважи со зборот „ангел“. Се чини дека новото пријателство навистина ѝ прија на Гомез, откако таа се скара со долгогодишната пријателка Франсија Раиса во ноември минатата година.
Имено, таа не ја спомна Раиса во својот документарец „My Mind & Me“, во кој раскажа за животните настани кои ѝ се случија во последните шест години.
Откако Раиса се огласи на социјалните мрежи, каде потенцираше дека е навредена, Гомез ѝ одговори со доза сарказам дека ѝ е жал што не ги спомнала сите луѓе кои ги познава.