Нов вандализам утрово ја потресе Битола. По само пет месеци, симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција. Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација.
Инаку, пред само неколку денови, Општина Битола испрати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП Паркинзи.
Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани.
Фото: Општина Битола