Никол Кидман несомнено е одлична актерка и жена со величенствен талент, но веќе со години е цел на критики поради различните козметички зафати на нејзиното лице.
Иако актерката значително не го променила својот лик, јасно е дека се подложила на третмани за подмладување кои оставиле трага на нејзиното лице, па често е во ситуација да не може да има експресивни изрази на лицето или едноставно да изгледа „замрзнато“.
Познатата оскаровка се најде во центарот на вниманието поради нејзината претенка линија и недостатокот на килограми. Имено, таа на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои позира само во широки маици, а она што ги привлече сите погледи е исклучително слабата фигура на убавата актерка.
Иако славната Австралијка отсекогаш била природно слаба и има манекенска фигура од почетокот на кариерата, фановите тврдат дека отишла до крајност, а многумина биле загрижени за нејзиното здравје.
Од друга страна, многумина застанаа во одбрана на Никол Кидман, тврдејќи дека нејзиниот изглед е нејзина работа и дека на крајот на краиштата, таа отсекогаш била исклучително витка и без облини.