Мадона (62), троши 120.000 долари месечно за да биде во изолација за време на пандемијата на коронавирусот во луксузна вила во Беверли Хилс. Имено, 62-годишната кралица на попот поседува три огромни имоти – два во Њујорк и еден во Португалија, а сега изнајмува вила во Лос Анџелес.
Таа сега изнајми огромна вила во Беверли Хилс за да се опорави од вирусот. Вилата првично е изградена во раните 1940-ти за актерот Берт Лар, кој се прослави во филмот „Волшебникот од Оз“. Оттогаш, во него живеат познати личности, вклучувајќи ги Пол Макартни, Мараја Кери и семејството Озборн.
Во раните 90-ти, имотот на скоро еден и пол хектари беше во сопственост на актерите Мелани Грифит и Дон Џонсон, кои во тоа време беа во брак, а вилата неодамна беше ставена на продажба за 20 милиони долари.
Скриена е зад висока жива ограда и импозантни железни порти. Куќата од 1.400 квадратни метри има седум спални соби и седум бањи. Во дворот има куќа за гости со уште две спални соби и две бањи. Внатре има и простории за забава кои ќе и помогнат на Мадона да ја издржи изолацијата. Вилата има куглана со две ленти, билјард, просторија за игри, домашно кино и екстравагантен бар.