Појавувањето на Бред Пит на трибините на финалето на Вимблдон оваа година привлече огромно внимание кај корисниците на социјалните мрежи. Причина? Неговото лице, поточно, неверојатно младешкиот изглед за човек кој на 18 декември ќе го прослави својот 60-ти роденден.
Бред Пит не беше без причина топ тема на социјалните мрежи, бидејќи беше очигледно дека зад блескавата кожа и брчките кои „магично исчезнале“ не стои мајката природа, туку естетската медицина.
Доколку го прашате Бред Пит, тој ќе ви каже дека „тајната на неговата сјајна кожа е длабоката хидратација“.
Во новото интервју тој изјавил дека секој ден прави три работи, наутро и навечер.
„Едноставно е. Го чистам лицето наутро, ставам серум и дневен крем и готово. Вечерта повторно чистење на лицетo бидејќи сум многу посветен на чистењето лице, повторно серум и на крај ноќен крем и тоа е тоа“, изјавил Бред.
Сликите пред Вимблдон и после Вимблдон, доколку го прашате актерот, се резултат на чистење, серум, дневна и ноќна крем. Се колне.