Македонскиот виртуоз Влатко Стефановски преку Инстаграм порача Универзална сала да се реновира и ништо друго.
„Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Меккојтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго не“, напиша Влатко Стефановски на Инстаграм.
Инаку, реакцијата на Стефановски доаѓа по веста дека Град Скопје објави анкетен конкурс за идејно решение за проект за парк и отворена летна сцена на локацијата на која се наоѓа Универзална сала.