Момчето Коста Кецмановиќ, од Белград кое на 3 мај изврши масакр во белградското училиште „Владислав Рибника“, имало над 200 изостаноци од училиште само во оваа учебна година.
Како што објави порталот Republika.rs, она што е загрижува е што родителите дозволиле толкаво отсуство од училиште и не реагирале.
Во првото полугодие од учебната 2022/23 година имал 20 работни дена отсуство оправдани со лекарска потврда, а осум работни дена со родителска оправдување. Според српските закони, на ваков начин може да се оправда само тридневно отсуство.
Ученикот од седмо одделение Коста, на 3 мај влезе во училиштето и почна да пука, убивајќи деветмина ученици и училишниот чувар.