Туристите панично бегале: Пукотници на плажа кај Валона, има повредени

by Тони Зографски

Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.
Како што пренесуваат албанските медиуми има повредени, а туристите во паника го напуштиле местото.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување. Пристигнуваат и возила за брза помош.
Се врши увид, засега не е познат мотивот.

останати вести