Аргентискиот диџеј Фер Паласио демантира дека му пренел КОВИД на Лионел Меси, откривајќи дека добивал закани по неговиот живот откако се откри дека ѕвездата на Пари Сен-Жермен се заразила со вирусот.
Фер Паласио беше диџеј на една од неколкуте забави на кои присуствуваше седумкратниот освојувач на „Златната топка“ за време на новогодишните празници во неговата родна Аргентина. Во видеата на социјалните мрежи се гледа како Меси танцува со својата сопруга Антонела (и двајцата без маски).
Паласио, пак, прво се пофали со фотографија со Меси, велејќи дека успеал да го натера „најголемиот“ да танцува, но во неделата призна дека животот му станал кошмар по големиот број на закани кои ги добивал од фановите на Меси.
„Успеаја да ме направат тренд на Твитер поради позитивниот тест на Меси. Ме обвинуваат дека сум го заразил, а некои дури ме нарекуваат убиец. Добив многу грди приватни пораки. Вчера се тестирав пред патувањето во Уругвај и негативен сум“, пишува диџејот.