Како што во неделата видовме во Штип, кога двајца учесници се влечеа кај кого да остане Светиот крст, нешто слично се случило и во бугарскиот град Ботев. Но, за разлика од Штип тука дојде до вистинска тепачка.
Имено, како што се гледа од видеото, гужвата се случи кога во плиткиот базен попот од неколку метри го фрлил крстот. Во трката да се стигн до него, учесниците почнаа да се тепаат, тепачка која се префрли и надвор од базенот, а се приклучува уште една група мажи.