Холивудскиот глумец Бред Пит (56) и манекенката Никол Потуралски (27) ја раскинаа врската, пишува магазинот „ЈуЕс викли“, а Никол наводно му се вратила на сопругот Роналд Мари.
– Бред и Никол раскинаа пред извесно време. Нивната кратка врска никогаш не беше сериозна – потврдил извор близок до актерот.
Никол пред неколку дена беше фотографирана во друштво на нејзиниот сопруг и пријателите, насмеани и добро расположени.
Никол се појави на насловните страници на списанијата „Ел“, „Космополитен“ и „Мери Клер“, во септември носеше модни ревии на Модната недела во Париз.
Инаку, Бред Пит и Никол Потуралски беа омилена тема на светските шоубиз медиуми откако беа „фатени“ од папараците како се прегрнуваат на аеродром во Франција пред неколку месеци. Откриено беше и дека Бред ја запознал Никол лани во ресторан во Берлин, чиј сопственик е нејзиниот сопруг Роналд Мари (68).
Бред беше таму за промоција на филмот „Беше еднаш во Холивуд“ и наводно се загреал за Никол веднаш штом ја видел, а јавноста особено ја забавуваше фактот дека манекенката е во брак со постар и добро ситуиран претприемач, но не крие дека е во врска и со Бред Пит. Не им требаше долго на таблоидите да откријат како Потуралски е оженета, во отворен брак и дека има седумгодишен син Емил.