Холивудската глумица Шарлиз Терон во неколку наврати, како и многу нејзини колеги, како што е Џенифер Анистон, апелираше дека мерките за превенција против Ковид 19, како што се носење заштитна маска и одржување социјална дистанца, се од најголема важност за да се спречи брзото ширење на инфекцијата.
Ширењето на свеста за тоа колку е навистина опасен вирусот корона, досега не дало добри резултати, барем судејќи според бројките, затоа што пред само неколку дена, Америка достигна неверојатна бројка од 65.000 пациенти за еден ден!
Веројатно револтирана од ваквото однесување, актерката се обрати кратко, но многу јасно и одлучно преку својот профил на Instagram и им порача на сите со еден хаштаг #да не бидат идиоти и да ги носат проклетите маски!“ („да не бидат идиоти и да ги носат проклетите маски!“ (Don t be an ass, wear a damn mask).
Шарлиз не го објасни овој пост дополнително, бидејќи не сметаме дека му треба објаснување.
Актерката објави објава под сликата на која носи маска со цвеќиња и има многу остар и сериозен изглед. Објавата доби скоро 150.000 лајкови за помалку од половина час. Добро е ако истите тие луѓе што лајкуваат навистина носат „проклета“ маска.