Дејвид Брахам (40) бил силен, активно се занимавал со спорт, добил четири деца, а еден ден изел пилешко со кинески кари и се парализирал од глава до петици. Му се слошило додека го гледал синот како игра рагби, а докторите откриле дека се отрул од храна, што предизвикало пореметување на имуниот систем наречено, Гијов-Бареов синдром.
Дејвид бил на кислород четири месеци, не можел да зборува, а дури по осмиот месец почнал полека да се движи.
“Бев буквално заклучен во своето тело. Беше страшно, не знаев дали некогаш ќе проодам“ вели Брахам кој за 24 часа по оброкот се парализирал.
Инаку, оваа ретка појава предизвикува имуниот систем да го нападне нервниот систем на сопственото тело, а може да биде предизвикано од одредена инфекција или тровање од храна,
После будењето од кома започна долгото и споро заздравување.
“Морав од ново да се учам како да се бањам и да мија заби. Три месеци ми требаше да ја помрднам ногата. Бев како бебе. Мозокот знаше што треба, но телото се противеше“.