Hајпопуларната актерка во Индија и една од најубавите жени на светот, Дипика Падуконе, моментално е во брак со Ранвир Синг, но не може да го преболи Новак Ѓоковиќ.
Нејзината непрежалена љубов е Новак Ѓоковиќ, што таа јавно призна. Дипика беше маѓепсана од Новак и рече дека никогаш нема да ја заборави нивната средба.
#Новак ме освои на прв поглед! Знам дека е зафатен човек, има деца, но никогаш нема да го заборавам времето што го поминав со него. Беше шармантен, љубезен и крајно духовит. Кога ќе го комбинирате тоа со самодовербата на мажот кој е најдобар на светот во она што го работи, можете да видите зошто ниту една жена не може да му одолее. Никогаш не сум сретнала некој како него! Затоа Ноле засекогаш ќе остане мојата најголема љубов – рече таа.

Ѓоковиќ и индиската актерка првпат се сретнаа на крајот на 2014 година на турнирот IPTL и имаше различни коментари на социјалните мрежи и во медиумите.
Се пишуваше дека двајцата се дружеле и дека меѓу нив имало „хемија“. Тие се фотографирани во 2015 година во соблекувалната на Вимблдон, каде што го чекала да му честита, а потоа се сретнала и со Јелена Ѓоковиќ, со која разменила неколку зборови.
Следната година биле заедно на НБА мечот Лос Анџелес Лејкерс – Орландо Меџик, по што отишле во еден од најпознатите ресторани во Лос Анџелес. Медиумите објавија дека вечерта ја поминале заедно, поради што Јелена била лута, а бракот им бил во криза.
“Новак е пред развод. Јелена сфатила дека врската на нејзиниот сопруг со Дипика оди подалеку од обичното дружење и затоа „пукна“. Таа побара од Новак да ги одвои нивните банкарски сметки и речиси е подготвена да го остави“, пишуваше тогаш Газета дело спорт.
Ѓоковиќ брзо објасни дека тоа не е вистина и рече дека двајцата се добри пријатели.
“Сите тие приказни за Дипика ме насмеаја. Таа е добра пријателка со мојата сопруга, а исто така е голем љубител на тенисот, затоа можеби сте ја виделе неколку пати на моите натпревари“, изјави тогаш Ѓоковиќ.
Новак дури сакаше да го тужи италијанскиот весник, но се откажа. Тогаш не се знаеше која е Дипика, но ја опишуваа како „непозната, долгонога бринета“, а сега е најплатената актерка и најпопуларна е во Боливуд.