Прилепчанката Весна Николоска на возраст од 50 години по која се трагаше е најдена удавена во вештачкото езеро.
Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката.
-Бевме подготвени да го пребараме езерото, но го забележавме телото како плута. Се очекуваат екипи од крим техника од полицијата и од јавното обвинителство да го испитаат случајот, изјави Неданоски.
Инаку, последни кои ја виделе жената во близина на Мермерното езеро биле неколку деца, по што жената ја снемало. Таа на 16 месецов во 23 часот излегла од дома, по што не се вратила. Многу доброволци, но и надлежните се вклучија во акција за нејзино пронаоѓање.