Член на навивачката група на Шалке 04, УГЕ ненадејно почина на фудбалскиот натпревар помеѓу Волфзбург и Шалке 04 – објави гол. мк. Лицето кое го загуби животот бил присутен на заедничката прослава на збратимените фанови во Скопје и Охрид,
Кристофер Уленбрук – Друсе бил пренесен во болница, каде што изненадувачки починал. Причините за смртта не се познати.
“Штотуку ни пристигна тажна вест дека наш брат од УГЕ ненадејно почина на фудбалскиот натпревар помеѓу Волфсбург и Шалке. Лицето кое го загуби животот беше присутен на заедничката прослава во Скопје и Охрид.
Во најголемата агонија и во најтемниот час, браќата стојат заедно !
Во добро и во зло!
Почивај во мир Кристофер Уленбрук – Друсе“ – беше напишано на Фејсбук страницата на “Комити“.