Тажна вест денес ја погоди македонската фудбалска јавност, ненадејно почина Горан Ѓошев вработен во академијата на Фудбалската федерација Македонија.
Ѓошев беше вработен како медицинско лице и се грижеше за децата кои престојуваат во академијата. Децата од академијата на ФФМ беа негова грижа и поминуваше долго време со нив, па така и составен дел од нивните животи.
Популарниот Доки се грижеше за стотина млади фудбалери, а беше сведок и на едни од најголемите успеси во нашата фудбалска историја.