На промоцијата на книгата “Милена Дравиќ: Повеќе од уметност“ театарскиот критичар Александар Милосављевиќ откри зошто актерката ја фрлила во ѓубре Канската награда.
“ Милена е една од ретките уметници која чувствуваше одговорност пред својата публика. Беше госпоѓа и таква беше третирана и во Европа. Само во Србија беше жена на Пуриша Ѓорѓевиќ или на Драган Николиќ – рекол Милосављевиќ и додал:
“ Таа ја фрли Канската награда. Весниците пишуваа дека е наградено во едно француско село, мислејќи на Кан, затоа што ги покажала градите и имала сцена со секс. Милена беше шокирана“.