На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа беше соопштено какви протоколи ќе треба да се спроведат кога ќе се организира свадба.
На влезот треба да се мери температура на гостите, а простор треба да биде отворен од три страни. Играње е дозволено само на подиум, со дистанца од четири квадратни метри меѓу гостите.
-Ова се дел од стандардните протоколи на влезот ќе треба да има поставено средство за дезинфекција, летните тераси треба да бидат отворени од три страни, гостите не ќе смеат да се гушкаат или ракуваат. Менаџерите на објектите ќе треба да го имаат списокот на гости по кој ќе го вршат приемот. Музика ќе биде дозволена на свадбите. Таа ќе треба да биде оддалечена на 5 метри од масите воедно забрането е движење на музичарите и ќе биде дозволено и играње на подиум со дистанца, – објасни Хоџа.
-Организаторот на прославата има обврска да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот, кој ги евидеинтификува сите гости . Менаџерот треба да ги запознае сите гости со овој Правилник. Менаџерот исто така, треба да ја регистрира и пријави прославата во Угостителската комора, која води Регис на свадби, прослави и веселби. Во случај гостите да се движат во затворениот дел, треба да носат маски, – рече Хоџа