Британската глумица Кира Најтли (34) истакна дека горда е на своето тело, но нема намера веќе до го покажува.
Шармантната Британка и музичарот Џејмс Рајтон кои се заедно од 2011 година, горди се родители на две девојчиња, Еди која има четири години и Далајла која се роди минатата година.
Во интервјуто за “Financial Times“ Кира изјави дека нема повеќе да снима разголени сцени.
-Никогаш не ми беше непријатно да се соблекувам додека бев млада. Навистина сум задоволна од своето тело. Но, повеќе не сакам да стојам гола пред целата филмска екипа… Можам да изберам дублерка за такви сцени – вели Кира Најтли.
Исто така британска глумица истакна дека во денешно време некои разголени сцени можат многу лесно да се најдат на порнографски сајтови и додала, дека нејзините похрабри сцени, како тие во филмовите “Војвотка“ и “Домино“, никогаш “не отишле предалеку“.