Во Србија, поточно во Лесковац, се продаваат патики на кило и тоа по многу поволна цена.
Според огласот поставен во Фејсбук групата “Лесковац авто пазар“, патиките се спакувани во вреќи, а робата која е од Германија неможе да се бира.
– Се продаваат патики само во вреќи на кило 400 динари и има од 30 до 40 килограми. Робата е од Германија и неможе да се бира – стои меѓудругото во огласот, на кој се гледаат спакувани патики во пластични вреќи.