Премиерот Зоран Заев најави дека ќе нема општ закон за амнестија, туку дека ќе бидат вклучени само настаните од 27 април. Тоа значи, затворениците што денеска штрајкуваат со глад нема да бидат предвреме ослободени, односно, нема да им бидат намалени нивните казни.
Ваквата изјава е дадена откако денеска над 600 затвореници во затворот „Идризово„ одбија да го земат ручекот и најавија дека ќе гладуваат сеж додека и тие не бидат ослободени со Законот за амнестија што се подготвува за учесниците во настаните од 27-ми април. Со писмо ги известиле затворската управа и премиерот дека, доколку во следните два дена не добијат позитивен одговор од владата и работното тело за помирување, ќе продолжат со штрајкот, а нивните фамилии ќе организираат мирни протести пред Владата.
Штрајкот следува откако 320 осуденици минатиот месец испратија петиција до Владата, министерството за правда и претседателот на Собранието со која бараат од надлежните општа амнестија за сите дела кои ги дозволува уставот, како и осудениците на доживотен затвор казните да им бидат преиначени во затворски казни со одреден број на години.