Гори стан во Кисела Вода (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Вистинска драма се случува на улица ,,Народни херои“ број 23 во Општина Кисела Вода. Густ чад се крева  од повисоките катови, а противпожарни екипи се стигнати на местото и се обидуваат да го изгасат пожарот.

Гори еден стан, а според првични информации зафатен е најмалку уште еден.

Пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но немаат пристап до зградата, па интервенираат од најблиската улица.

Пристигнуваат и возила на брза помош.

ВИДЕО: Голем пожар беснее во Кисела Вода – Гори зграда

ВИДЕО: Голем пожар беснее во Кисела Вода – Гори зграда

Posted by Press24.mk on Monday, June 10, 2019

останати вести