Неле Карајлиќ е доктор за рокенрол, композитор, актер, режисер и писател. Гостувајќи во утринската програма на една од српските телевизии, фронтменот на ‘Забрањено пушење“ се осврна на конфликтот што се случи на нивниот концерт на првата половина на осумдесетите години.
Тогаш, за време на концертот се расипал засилувачот на гитарата, а Неле прокоментирал: “Црк’о маршал“ и потао имал доста проблеми со тогашната власт на поранешна Југославија.
Како што тој изјави, дури тогаш почувствувал дека не може се што ќе му дојде на ум да каже.
“ Јас сум првиот човек што индирекно имал конфликт со Тито. Можам да ви кажам дека добро ја научив лекцијата“, истакна Неле Карајлиќ.